Архива од Г година
2010-02-12
По повод верскиот празник Водици, 30 волонтери од тимовите за спасување на вода, спасување на планина, вода и санитација, медицинскиот тим како и тимот за...
2010-02-12
3-ти февруари, 2010 година, Скопје, сала Даре Џамбаз Одржана отворена трибина по повод Светскиот Ден на Ракот Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“, со поддршка на...
2010-02-12
Црвен крст на град Скопје, ЦКА-ПХВ канцеларија се претстави во едукативна деца за деца и млади Трчај Петко. Во шеесетминутната емисија се обидовме да им...
2010-01-15
После успешно завршената акција во соработка со Рамсторе Малл, Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје со собраните средства од акцијата изработи...
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.