Лична асистенција на лица со попреченост
Во април 2018-та година Црвен крст на Северна Македонија започна со имплементација на услугата „Лична асистенција на лица со попреченост“, како дел од програмата на Владата за лицате со попреченост. Оваа програма е посветена на воспоставување на секојдневна лична асистенција и оспособување на лицата со попреченост за највисок степен на независност во исполнувањето на нивните интереси и потреби. Овие интереси и потреби се поврзани со секојдневните активности и независното живеење, но можат да бидат и поврзани со работа или вработување, социјални релации, инклузивно партиципирање во заедницата итн.
Овој социјален сервис претставува процес на обезбедување на помош и поддршка за лицата со попореченост од страна на сертифициран личен асистент. Услугата го подобрува степенот на независно живеење на лицата со попреченост и им овозможува рамноправно учество во општеството како и останатите граѓани, притоа застапувајќи го социјалниот модел и пристап кон попреченоста. Воедно, иако личната асистенција директно му помага на корисникот на оваа услуга, индиректно му помага на целото семејство и го олеснува и подобрува квалитетот на животот на целото семејство. Лицата кои можат да бидат опфатени со услугата лична асистенција се деца со навршена 6 годишна возраст и возрасни лица, кои се категоризирани како лица со потешка и најтешка телесна попреченост, лица со целосно оштетен вид и лица со комбинирана попреченост, каде основ за попреченост е телесната попреченост или оштетениот вид.
Личниот асистент учествува во планирање, испорака и следење на услугата за лична асистенција. Опфатени се следниве сегменти:
- Помош и поддршка во домот на корисникот
- Помош и поддршка на работно место, во образовниот процес, неформално образование или во професионална рехабилитација
- Помош и поддршка во заедницата во која живее корисникот
На територија на град Скопје потребата постои голема потреба од ваков тип на поддршка залицата со попреченост. Поради тоа, Црвен крст на град Скопје сефокусира на организирање што поголем број на сертифицирни обуки, со цел да се опфатат што повеќе лични асистенти и да се обезбеди помош за што поголем број лица со попреченост. Истовремено, проценките на потребите, поврзувањето на корисниците со соодветни лични асистенти иквалитетот на испораката на услугата континуирано се следат и евалуираат од страна на стручниот тим при Црвен крст на град Скопје. На овој начин се обезбедува континуирана, квалитетна и соодветна поддршка, со цел да се унапреди квалитетот на живот и да се поттикне поголема самостојност и независност на лицата со попреченост.
Локални координатори:
- Александра Божинова
- Радица Стојкоска
- Дениса Абдул
- Дејан Смоковски
- Соња Димитријоска
Контакт: 070 353-726
e-mail: skopje.asistenti@redcross.org.mk