Пребарувај по датум:

Копче

„Копче“  е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде што секој може да донира, да купи уникатно парче облека од втора рака по најповолни цени или пак истата да ја добие бесплатно.  

„Копче“ е развиенo и функционира во рамки на Црвен крст на Република  Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените.

Со отварањето на  „Копче“ овозможуваме поефикасен систем на дистрибуција на облеката до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања кои не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на еко средината.

Визијата на Копче :

Се стремиме да придонесеме во создавањето на општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Веруваме во потенцијалот и силата која секој поединец ја носи  и тука сме за да придонесеме во зајакнување и социјално вклучување на лицата во ризик преку активности за работи кои се стремат кон создавање на еколошки чиста средина.

Со работењето на „Копче“ поттикнуваме еден модел на одржливо живеење, поттикнуваме да се донира и купува облека која е веќе создадена и која може да се користи, со што влијаеме во намалување на искористувањето на природните ресурси кои се користат при производство на нова облека како и намалување на отпадот кои се создава од неупотреба на облеката. 

Со работењето на „Копче“  се стремиме да ги постигнеме следниве цели:

  •  навремено обезбедување на најсоодветна облека за лицата во ризик;
  •  олеснет пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања;
  • зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население;
  • ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животнат средина;
  • создавање на навики за одговорно донирање и навики за одговорно трошење;
  • поттикнување и создавање на работни навики кај работоспособните социјално загрозени лица;
  • креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население;
  • промовирање на солидарност, хуманост и волонтеризам;

Зошто да донираме ?

  • За да се вклучиме во решавањето на проблемите во заедницата 
  • Да дадеме поттик на лицата во нашето општество за позитивно размислување за донирање и одговорно трошење 
  • Да дадеме поттик за похумано и солидарно општество 
  • Да помогнеме на оние на кои им е потребна нашата помош
  • Да го намалиме човековото страдање

Каде може да се донира?

Донации може да се остават:

  • во контејнерите на Црвен крст кои се поставени на две локации на територија на град Скопје, пред зградата на Црвен крст на РСМ (бул. Кочо Рацин бр.13) и пред ДХО Даре Џамбаз (бул. 11 Октомври 42а)
  • „Копче“  од понеделник до петок од 09 до 17 и сабота од 09 до 14 часот;
  • Магацин на Црвен крст на град Скопје (во момин поток) од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  • Покрај физичката пунктови за донација, донаторите имаат можност и сами да прикачат фотографии од парчињата облека што сакаат да ги донираат. 

     https://www.kopce.mk/HowToDonate

Што може да се донира?

Облека која е добро сочувана и чиста,
Обувки ( добро сочувани),
Постелнина, ќебиња, пешкири и сл.,
Играчки, ташни, украси и др. Модни додатоци

Важно е сето она кое се донира да биде добро спакувано во ќеса пред да се стави во контејнерот за донација!

Кој може бесплатно да подигне облека?

Преку пунктот за бесплатно делење облека, континуирано, со ваучери за облека се дистрибуира облека на лица во социјален ризик  (семејства, лица сместени во згрижувачки семејства и лица сместени во институции).

Ваучери се добиваат по претходно направена процена од страна на стручни лица во Црвен крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст.

Рециклирање и реупотреба на облека

Од донираната облека која не може директно да се искористи, се изработуваат производи во пачворк техника кои потоа се донираат или продаваат во продавницата за половна облека. Најчесто се изработуваат постелнини наменети за институции или празнични декорации за домот.

Работна интеграција и волонтирање

Сите лица кои доаѓаат кај нас да бараат облека, а се работоспособни се стремиме да ги поддржуваме во поттикнување и создавање на работни навики со цел да се вработат и самите да можат да си ја купат облеката. Тоа подразбира придонес кон зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население и креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население. И секако помеѓу сите овие цели се испреплетуваат и солидарноста, хуманост и волонтеризам кои ќе ги промовираме како највисоки човечки вредности.

Локација: Црвен Крст на Северна Македонија – бул. Кочо Рацин бр. 13, 1000 Скопје

Работно време : понеделник-петок 09:00 до 17:00 часот, сабота 09:00 до 14:00 часот

Координатор на одделот, Александра Боева – skopje.kopce@redcross.org.mk

Алексовска Христина, одговорен соработник
Fb: Копче/Kopche
Инстаграм: @kopce.skopje
Тел. 070 414 759

ИТНО КОПЧЕ
Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.
ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ ЗА ВОЗРАСНИ
Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.
Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн.
Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Центар Солферино
Објектот се наоѓа во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Центарот во Струга со комплетно новиот систем на управување и организација, претставува нов концепт во работењето на нашата организација.
Копче
„Копче“ е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде секој може да донира, да купи облека од втора рака или пак истата да ја добие бесплатно.
Пункт за бездомници – Момин поток
Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги.
Центар за дарување крв
Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден 10:00-17:00 часот во летниот период , како и сабота од 09:00-14:00 часот.
Планинска станица – Даре Бомбол
Тимот за спасување на планина е засебен посебно обучен и специјализиран сектор за планинско спасување и пребарување во пред се тешко пристапен терен со применување на различни техники. Константното надоградување и доедукација на тимот со сите последни начини и техники на спасување и пребарување е клучно за подготвеност за одговор во случај на итна потреба.
Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)
Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.