Пребарувај по датум:

Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост

Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.  Наменските возила можат да се користат за превоз на корисници, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга, заради:

  • старост;
  • болест;
  • неможност или потешкотии, при самостојно движење;
  • имаат потреба од придружник (негувател/личен асистент), врз основа на наод на стручно лице за потребата од користење на услуги во домот, поради здравствената состојба во која се наоѓаат, а се работи за неживотно загрозувачки ситуации.

Лицето кое има потреба од транспорт, започнувајќи од 15 Мај може да се јави на телефонскиот број 15330 во Контакт центарот или на [email protected] , секој работен ден во текот на 24 часа, преку кој однапред би го закажал својот термин за превоз до одредена институција, по принципот на временски редослед на закажување.

Корисникот при закажување на термин за користење на наменско возило потребно е да даде целосни и вистинити податоци и тоа:

  • лични податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, и сл.);
  • потребата за користење на придружба за време на превозот со наменско возило;
  • краток опис на здравствената состојба и/или состојбата во која се наоѓа и причината заради која има потреба од превоз со наменско возило. Доколку корисникот е подвижен, превозот ќе се реализира со мало наменско возило, а  доколку корисникот е неподвижен, превозот се врши со специјално наменско возило;
  • адресата на живеење, односно адресата од која е потребно да се реализира превозот, како и назив, како и адреса доколку ја поседува оваа информација на институцијата, до која бара да биде превезен, датум и час на превозот, а во случај на потреба и временски период за враќање;
  • податоци за  лице и телефонски број на кој ова лице ќе биде контактирано во случај на итна потреба;
  • други релевантни податоци, за кои ќе се процени во конкретната ситуација, дека е потребно да бидат обезбедени, за целите на користење на оваа услуга.

Цените на транспорт за стари лица и лица со попреченост се субвенционирани и зависат од зоната во која е потребен превоз, видот на возилото и потребата од дополнително лице за придружба при транспортот.

До 15 мај, превозот за овие лица е бесплатен, по принципот „прв дојден, прв услужен“. За закажување на бесплатен транспорт до 15 мај , лицата може да се закажат на [email protected] и на контакт број 071 232 263 во работни денови од 08-16 часот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.