Пребарувај по датум:

Подготвеност и дејствување при катастрофи

Катастрофите како појави се дефинираат како неочекувани случувања кои го пореметуваат нормалниот тек и функционирање на човекот и неговото секојдневие

Истите се делат ан прирдони катастрофи и катоастрофи предизвикани од човекот. Во однос на секторот за Подготвеност и дејствување при катастрофи важно е да се напомене дека Црвениот крст е дел од системот за превенција и одговор во случај на катастрофи во рамки на С.Р.М.

Во однос на оперативата во склоп на ПДК при Црвен крст, обулени лица во функција на волонтери се поделени на 3 тима, Тим за одговор при катастрофи, Тим за спасување на планина, Тим за спасување на вода.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.