Тим за одговор при катастрофи
Во склоп на истиот спаѓаат генерално обучени лица за за целосната оператива на Црвен крст во случај на катастрофи но посебен акцент и специјалност на тимот е пружањето прва помош и логистичка поддршка на оперативниот дел. Посебно обучените лица во делот на првата помош се пред се доктори, како општи лекари така и специјалисти, додека во поддршка на истите се животоспасувачите, односно парамедиците, без медицинска едукација но со посебен тренинг во соработка со Воено Медицинскиот Центар при Министерството за одбрана, каде волонтерите се подложни на тренинг, како теоретски дел, така и практичен, со цел усовршување на дејствувањето и одговорот на потребите на пружање на прва помош при итни ситуации и катастрофи.
Тимот за прва помош како носители се 10 доктори и 40 парамедици кои се обучени и активни во случај на потреба во рамки на Црвениот крст. Важно е да се напомене дека секој од нив е волонтер во рамки на организацијата каде придонесува со својата стручност. Како искуства и ситуации каде истиот тим е активен во последно време, вредна е да се спомене мигрантско/бегалската криза, и тековните настани и случувања од јавен карактер каде Црвениот крст завзема се поголема улога во грижење за безбедноста на посетителите. Меѓу другото истиот тим даде и значителна поддршка на локално ниво и со поплавите во Скопје 2016.
Тимот за логистичка поддршка, составен од волонтери со различна позадина од аспект на професионален ангажман каде е потпкрепен со бројни обуки и тренинзи, како национални, така и меѓународни, во оперативниот дел на активностите кои се должност и обврска на Црвениот крст, како во вонредни ситуации така и во редовни активности. Искуства и нови знаења од аспект на камп населба со сите пропратни елементи, мобилни кујни и оперирање со истите, поддршка на сите останати тимови, се главните обврски на волонтерите во овој дел, кои пред се бројат 30 обучени лица се клучни за реализација на оперативниот дел на Црвен крст на терен.
Координатор на одделот, Слободан Митровиќ – skopje.drt@redcross.org.mk