Центар за безбедност на вода
Тимот за спасување на вода како дел од Центарот за безбедност на вода и спасување на капалишта од затворен тип е клучен сегменет на национално ниво за безбедност на вода. Сертифицирани од страна на ILS – International Life Saving Federation, во делот на обучување на лица спасители, на годишна основа организира и реализира курсеви за спасување на капалипшта од отворен и затворен тип и Аква паркови. Во делот на активностите како дел од систем за управување со кризи на СРМ, Црвен крст на Северна Македонија, својот придонес го дава и во делот на безбедноста на вода, како на настани од јавен карактер, така и поддршка на на институциите во случај на непогоди за акции и спасување на водени површини.
Како тековни активности на годишно ниво, покрај курсевите кои се организираат, се и обезбедувањата во текот на летната сезона пред се на ниво на град Скопје и пошироко на национално ниво. Базените, Аква паркот во Скопје и останатите рекреативни водени површини ангажираат и повеќе од 50 спасители во текот на летната сезона, со што потребите од курсеви за нови спасители на годишно ниво се и повеќе од 4 тренинг/обуки со цел оспособување на лица за исполнување на потребите.
Обуката која е најмалјку 65 теоретски дел и 50 часа практичен дел, од областа на техники и тактики за спасување и укажување на прва помош, согласно пропишани меѓународни стандарди и норми, ја прави лиценцата за спасување на вода со меѓународна важност и признаеност надвор од СРМ. Меѓународните и националните инструктори допринесуваат со својата експертиза и искуство во делот на подготовка на спасители согласно правилата и нормите на меѓународно ниво.
Бројките од повеќе од 2000 интервенции на годишно ниво во тек на сезона се клучен показател за потребите и важноста на подготвеноста и делувањето на Тимот за безбедност на вода, кој, при Црвениот крст е единствена признаена и сертифицирана форма на обучување на лица за целосна подготвеност и одговор во случај на потреба на водени површини.
Координатор на одделот, Арџенд Чиљафи – skopje.katastrofi@redcross.org.mk