Пребарувај по датум:

Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје

„Првата помош спасува живот“

Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн. Со оглед на важноста на Првата помош, донесени се и законски регулативи со кои се обврзуваат пред сѐ кандидатите за возачи, a понатаму и лицата во работни организации за задолжително посетување обуки и едуцирање за тоа кои се основите на ПП и како да укажат прва помош во случај на потреба.

Со цел подобра подготвеност на кандидатите, потребно е да се повторат прашањата од областа на Првата помош.

Прашања за возачи на македонски јазик:
https://ckrm.org.mk/wp-content/uploads/2021/07/Prashanja-za-vozachi-makedonski.pdf

Прашања за возачи на албански јазик:
https://ckrm.org.mk/wp-content/uploads/2021/07/Prashanja-za-vozachi-albanski.pdf

Центарот за прва помош при Црвен крст на град Скопје отпочна со работа на 28.12.2020 година, како организациона единица, додека првата помош е секојдневна активност од неговото постоење. Центарот е концентрирана форма за едукации и обуки на територија на град Скопје, кои претходно се вршеа во рамки на Црвен крст Центар, Црвен крст Кисела Вода, Црвен крст Карпош, Црвен крст Чаир и Црвен крст Гази Баба.

Тимот во рамки на Центарот е составен од 5 лица (координатор, доктор, администратори) кои се задолжени за целокупна организација на обуките и едукациите на тема прва помош пред сѐ согласно законските регулативи. За реализација на обуките моментално се на располагање 48 доктори–предавачи, кои се задолжени за стручно предавање и едуцирање на кандидатите кои посетуваат обуки за прва помош и 20 демонстратори–парамедици, кои се задолжени за практичниот дел и изведувањето на првата помош во пракса. Обука по прва помош може да посетува секое лице со наполнети 15 години.

Во рамки на центарот се реализираат обуки за:

  • Прва помош за возачи во траење од 8 часа; Цената на обуката изнесува 1.500 ден
  • Прва помош за правни лица – работни организации:
    • Цената за обуката за основен курс во траење од 6 часа изнесува 1.200 ден
    • Цената за обуката за напреден курс 1 во траење од 8 часа изнесува 1.600 ден
    • Цената за обуката за напреден курс 2 во време траење од 13 часа изнесува 2.600 ден
  • Прва помош за лица кои управуваат со пловни објекти во траење од 8 часа; Цената на обуката изнесува 1.500 ден
  • Прва помош за физички лица во траење од 6 часа; Цената на обуката изнесува 1.200 ден.)

Центарот располага со 5 предавални и капацитет од 60 лица во ист момент за реализација на обука, односно 120 лица на дневна основа кои би посетувале некоја од погоре наведените обуки во услови на КОВИД 19 со дадени мерки за заштита и организирање на обуки.

Работно време: Центарот за прва помош при Црвен крст на град Скопје работи од понеделник до петок од 08:00 – 20:00 часот. Обуките се рализираат во 2 термина во текот на денот и тоа 09:00-12:30  и 16:30 – 20:00 ( со вклучени паузи, земајќи ги во предвид препораките и мерките за заштита од КОВИД 19).

Пријавувањето можете да го извршите во просториите на Центарот за прва помош на ул. 11 Октомври 40, Скопје.

Подетални информации можете да добиете на тел: 072/208-456 и 072/208-529, и на маил skopje.prvapomos@redcross.org.mk.

Координатор на Центарот за Прва помош, Слободан Митровиќ

Линк за онлајн плаќање:

Прва помош

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИТНО КОПЧЕ
Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.
ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ ЗА ВОЗРАСНИ
Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.
Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн.
Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Центар Солферино
Објектот се наоѓа во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Центарот во Струга со комплетно новиот систем на управување и организација, претставува нов концепт во работењето на нашата организација.
Копче
„Копче“ е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде секој може да донира, да купи облека од втора рака или пак истата да ја добие бесплатно.
Пункт за бездомници – Момин поток
Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги.
Центар за дарување крв
Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден (прием на дарители) Понеделник - Петок 08:00-14:30 часот.
Планинска станица – Даре Бомбол
Тимот за спасување на планина е засебен посебно обучен и специјализиран сектор за планинско спасување и пребарување во пред се тешко пристапен терен со применување на различни техники. Константното надоградување и доедукација на тимот со сите последни начини и техники на спасување и пребарување е клучно за подготвеност за одговор во случај на итна потреба.
Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)
Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.