Социјално Хумантирана Дејност
Социјално хуманитарната дејност во Црвен крст на град Скопје претставува активност преку кој се допира преку најранилие категории на население на територијата на градот Скопје. Таа ги опфаќа сите програми и проекти кои работат со различни целни групи и преку тие истата се развива. Оваа дејност ги опфаќа и сите оние лица кои не се проектно или програмски опфатени а имаат потреба од Црвениот крст.
ТИМ ЗА ПАТРОЛНА СОЦИЈАЛНА РАБОТА
За погоре наведените лица функционира Тим за Патролна Социјална Работа. Во овој тим работат социјални работници и/или психолози практиканти кои тука имаат одлична можност да учат за социјалната работа на терен, но истовремено да бидат нечија најважна поддршка. Тимот за патролна социјална работа е во постојана комуникација со лица во ризик кои се обраќаат во ЦКГС за хуманитарна помош, или се дојавени од некоја институција(институции на државниот систем, невладини организации и сл.). Активностите подразбираат и теренска работа, која се однесува на посети на социјално загрозени лица и семејства, каде што се прави проценка и според тоа се одлучува како може да се помогне на лицето/та. Помошта може да биде во вид на храна, хигиена, облека, лекови или доколку е потребно психо-социјална поддршка, како и насочување на лицето до одредена институција. Преку оваа служба се остваруваат правата од системот на социјална и здравствена заштита кои ги нуди државата за лица во ризик.
Приемни денови на одделот се понеделник и петок од 09:00-16:00ч.
Останатите денови тимот работи на теренски проценки и
административни услуги.
РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ НА ОДДЕЛОТ
- Проект за штитениците од прифатен центар за бездомни лица – Чичино село – МТСП
- Проект за социјална инклузија и материјална поддршка на самохрани мајки за нивно сместување – Сава Осигурување
- Проект Превземи акција за подобра конкуренција на пазарот на труд – ЕУ
- Сподели и Донирај – ДелКо
- Поддршка на деца на улица –УНИЦЕФ
- Заедно до дома – Студио Модерна
Контакт – skopje-socijala@redcross.org.mk