Работно ангажирање на помагатели на стари лица и лица со попреченост
Во јули 2019-та година Црвен крст на град Скопје започна со имплементација на социјалниот сервис „Работно ангажирање на помагатели на стари лица и лица со попреченост“, поддржан од Градот Скопје. Со започнување на програмата Црвен крст на град Скопје низ три обуки регрутираше 32 помагатели кои се стекнаа со обука за лица со телесна попреченост. Оваа програма е посветена на исполнување на потребите и интерсите на лицата со попреченост преку секојдневна помош и поддршка која ја добиваат од помагателите.
Улогата на 32 обучени помагатели е вклучување во планирањето и испораката на услугата кај корисниците, како помош и поддршка во домот на корисникот, на работното место или во високообразовниот процес и помош и поддршка во заедницата во која живеат. Додека пак улогата на 10те волонтерите е подобрување на процесот на социјализација на овие лица, помош во домот, набавка, придружба до матичен лекар, административна поддршка во различни институции, заеднички прошетки, социјални игри итн.
Социјалниот сервис помагатели на ранливи целни групи на корисници претставува процес на обезбедување помош и поддршка која ја добиваат од помагателот или волонтерот со цел да се унапреди квалитетот на животот на лицата со попреченост, притоа постигнувајќи поголема независност и самостојност, како и индиректно полесно функционирање не само на корисниците туку и на членовите на нивните семејства.
На територија на град Скопје потребата од ваков тип на поддршка за лицата со попреченост е многу голема, и во моментов имаме ангажирано 32 помагатели и 10 волонтери кои услугата ја даваат на 80 корисници. Од страна на стручниот тим при Црвен крст на град Скопје се спроведуваат проценките и поврзувањата, а во континуитет се евалуира и квалитетот на дадената услуга, со цел да се обезбеди поквалитетен живот на лицата со попреченост.
Координатор на одделот, Тихана Обрадовиќ Чингарова – skopje.pomagateli@redcross.org.mk
Зорица Кускинска, асистент на одделот