Пребарувај по датум:

ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ – НЕГА ЦЕНТАР

Услугата „Помош и нега во домот“ е социјална услуга наменета за стари лица на возраст од 65 години и повеќе, со намален функционален капацитет на кои им е потребна помош и поддршка во сопствениот дом.

Целта на услугата е да им овозможи на корисниците да продолжат да живеат во својата домашна средина, да ја зачуваат или унапредат својата самостојност и да го подобрат квалитетот на животот, соодветно на нивните индивидуални потреби.

Црвен крст на град Скопје е лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на општините Карпош, Кисела Вода и Центар

Општина Карпош – Контакт телефон: 075 352 246
Општина Кисела Вода – Контакт телефон: 072 320 246
Општина Центар – Контакт телефон: 070 352 246

За дополнителни информации во врска со постапката за аплицирање, потребната документација и условите за користење на услугата, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви наменети за општината во која живее старото лице.

Постапката за остварување на услугата започнува со поднесување барање до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје.

По поднесувањето на потребната документација, надлежните стручни лица ја разгледуваат потребата од поддршка и ги утврдуваат условите за користење на услугата, и издаваат решение за истата.

Помошта и негата во домот ја обезбедуваат сертифицирани негуватели од Црвен крст на град Скопје, кои поседуваат соодветни знаења и вештини за давање поддршка на лицата на кои им е потребна помош во секојдневното функционирање.

Помошта и негата во домот опфаќа две категории активности: основни и инструментални активности од секојдневниот живот.

1. Основни активности од секојдневниот живот

Овие активности се однесуваат на непосредната лична грижа и поддршка на корисникот, а вклучуваат: помош при одржување лична хигиена (миење лице, раце, заби, бањање, чешлање и слично), помош при облекување и соблекување, помош при движење во домот и околу домот, помош при хранење, помош при користење тоалет и задоволување на физиолошките потреби, помош при менување пелени и подлоги.

2. Инструментални активности од секојдневниот живот

Овие активности имаат за цел да му помогнат на корисникот во одржувањето на домаќинството и самостојното функционирање во секојдневието, а опфаќаат: помош при чистење и одржување на хигиената во домот, помош при перење и одржување на облеката, помош при подготовка на оброци и готвење, помош при набавка на прехранбени производи и други неопходни продукти, посредување при организирање поправки во домот, поддршка при надворешна мобилност и извршување секојдневни обврски, потсетување и помош при земање пропишана медицинска терапија, помош при користење телефон, помош при управување со личниот буџет.

Локација Карпош:
Ул. Љубљанска – крак ТЦ Сити Мол, Карпош 4  (Спортска сала Партизан)
Локален координатор, Наташа Андова – skopje.negacentar@redcross.org.mk

Локација Кисела Вода:
Ул. Петар Делјан бр.17, во општината Кисела Вода (барака 6)
Локален координатор, Христина Димишкова – skopje.negacentar@redcross.org.mk

Локација Центар:
Ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр. 5,  Скопје 1000
Локален координатор, Мартин Додевски – skopje.negacentar@redcross.org.mk

Работно време : понеделник-петок 08:00 до 16:00 часот,

ИТНО КОПЧЕ
Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.
ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ ЗА ВОЗРАСНИ
Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.
Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн.
Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Центар Солферино
Објектот се наоѓа во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Центарот во Струга со комплетно новиот систем на управување и организација, претставува нов концепт во работењето на нашата организација.
Копче
„Копче“ е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде секој може да донира, да купи облека од втора рака или пак истата да ја добие бесплатно.
Пункт за бездомници – Момин поток
Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги.
Центар за дарување крв
Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден (прием на дарители) Понеделник - Петок 08:00-14:30 часот.
Планинска станица – Даре Бомбол
Тимот за спасување на планина е засебен посебно обучен и специјализиран сектор за планинско спасување и пребарување во пред се тешко пристапен терен со применување на различни техники. Константното надоградување и доедукација на тимот со сите последни начини и техники на спасување и пребарување е клучно за подготвеност за одговор во случај на итна потреба.
Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)
Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.