Пребарувај по датум:

Информирање

Информирањето и комуницирањето со јавноста и правилно пренесување на информации за нашите активности се клучни за разбирање на нашиот идентитет и препознавање на нашата мисија. Преку информирањето обезбедуваме транспарантност во нашето работење, а со тоа полесно го пронаоѓаме нашето место во општеството. На овој начин стигнавме до поголем број на донатори и секако волонтери.

Во просек на се реализираат:

  • 5 гостувања во различни ТВ медиуми на месечно ниво или вкупно 60 гостувања за промоција на активностите на годишно ниво;
  • 4 пати месечно вклучување на радио етер или околу 50 вклучувања на годишно ниво,
  • по 20 објави на социјалните мрежи на месечно ниво или на годишно ниво околу 250 објави.

Во рамките на овој одел исто влегува и  подготовка на програмата за работа, извештај за работа, редовно ажурирање на веб страната, праќање на редовни информации за е-весникот, како и ажурирање на сите настани во специјалната архива на Црвениот крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.