Пребарувај по датум:

Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Пролет“ е отворен во 2019 година, во соработка помеѓу Црвениот крст на град Скопје и Општина Центар. Центарот претставува место за поддршка, развој, социјализација и активно вклучување на корисниците во заедницата, преку разновидни едукативни, креативни, рекреативни и практични активности.

Програмата на Дневниот центар е насочена кон развивање на индивидуалните способности, поттикнување на самостојноста, стекнување нови знаења и вештини, како и подобрување на квалитетот на секојдневното живеење.

Активностите во Дневниот центар се реализираат во неколку категории:

• Креативни и ликовни активности: Изработка на рачни изработки, украси и декорации со примена на различни техники и материјали. Преку овие активности се поттикнуваат креативното изразување, фината моторика, концентрацијата и индивидуалните способности.

• Животни вештини и здрави навики: Практични работилници за развивање на самостојноста во секојдневното функционирање, кулинарски работилници, подготовка на храна, одржување лична и просторна хигиена, здрави навики и едукација за здравствена заштита.

• Музички активности и комуникација: Музички и ритмички активности, слушање музика, пеење и други содржини преку кои се поттикнуваат комуникацијата, изразувањето, креативноста и меѓусебната интеракција.

• Едукација и стекнување нови знаења: Едукативни работилници, запознавање со различни теми, учење странски јазици и активности за проширување на општите знаења и вештини.

• Социјализација, посети и излети: Организирани посети на музеи, културни и јавни институции, рекреативни излети, летни одмори и посети на други установи. Преку овие активности се поттикнува социјалната интеракција, интеграцијата во заедницата и запознавањето со културното и природното наследство.

• Еколошки и општествено одговорни активности: Еколошки акции, активности за развивање на свеста за заштита на животната средина и вклучување во иницијативи од интерес на заедницата.

Дневниот центар остварува соработка со институции, организации, компании и волонтери од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје и волонтери од ООЦК Центар, со цел збогатување на програмските содржини и создавање нови можности за поддршка, дружење и инклузија на корисниците.

Од 2024 година, Дневниот центар „Пролет“ е официјално лиценциран од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што се потврдува исполнувањето на пропишаните стандарди за обезбедување социјална услуга.

Работното време: понеделник – петок од 08:00 до 16:00 часот
Локација: ул. Пролет бр. 39, во близина на Веро Џамбо
Координатор на центарот: Кристина Петрова Здравковска skopje.centerck@redcross.org.mk
Контакт телефон: 071/379-119

Итно копче
Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.
Едукативен тренинг центар за обуки за возрасни
Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.
Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн.
Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Центар Солферино
Објектот се наоѓа во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Центарот во Струга со комплетно новиот систем на управување и организација, претставува нов концепт во работењето на нашата организација.
Копче
„Копче“ е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде секој може да донира, да купи облека од втора рака или пак истата да ја добие бесплатно.
Пункт за бездомници – Момин поток
Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги.
Центар за дарување крв
Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден (прием на дарители) Понеделник - Петок 08:00-14:30 часот.
Планинска станица – Даре Бомбол
Тимот за спасување на планина е засебен посебно обучен и специјализиран сектор за планинско спасување и пребарување во пред се тешко пристапен терен со применување на различни техники. Константното надоградување и доедукација на тимот со сите последни начини и техники на спасување и пребарување е клучно за подготвеност за одговор во случај на итна потреба.
Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)
Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.