Пребарувај по датум:

Историјат на Црвен Крст на Град Скопје

Постојат податоци дека на нашите простори се организирани активности во почетокот на дваесетиот век, особено во Скопје во 1912 година, за време на Првата светска војна.

Црвениот крст на град Скопје е организационен дел на Црвениот крст на Р.Македонија, а го сочинуваат Општинските организации на Црвениот крст во Скопје; ОО на ЦК Кисела вода, ОО на ЦК Центар, ОО на ЦК Карпош, ОО на ЦК Гази баба и ОО на ЦК Чаир. Во остварување на своите задачи се раководи од одредбите на Женевските конвенции и Дополнителните протоколи како и од основните принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Црвениот крст на град Скопје е доброволна, масовна, самостојна, независна хуманитарна организација на граѓаните на град Скопје која дејствува и работи како невладина и непартиска организација согласно позитивните прописи на државата, Законот на Црвен крст на РМ, Статутот на Црвениот крст на РМ и својот Статут.

Црвениот крст на град Скопје во минатите  години памети неколку форми на организирање. Во првите 16 години од формирањето постои како Градски одбор на Црвениот крст Скопје сотавен од пет ООЦК: Саат кула, Петровец, Бутел, Идадија и Кисела вода.

Од 1961 година до 1965 година ЦК на град скопје е составен само од три ООЦК и Кале, Кисела вода и Идадија .

Во годините по катасрофалниот земјотрес односно од 1969 година се укинуваат ООЦК и постои само Градскиот одбор на ЦК на Скопје се до 1977 кога се оформува денешниот модел на функционирање Градска Организација на ЦК со пет ООЦК Кисела вода, Центар, Чаир, Гази баба и Карпош.

Координацијата на активностите ги организира ГОЦК при тоа почитувајќи го идентитетот и правниот субјективитет и слобода на делување на ООЦК.

Денес Црвениот крст на град Скопје е широко развиена и програмски современа организација организација која негува високи стандарди на организирање . Во нашата агенда за развој и дејствување тежнееме да ги користиме сите наши човечки и материјални потенцијали за да бидеме во служба на хуманоста .Тоа овозможува изработување на добри и соодветни програми кои се насочени во области каде што имаат најголемо влијание, бидејќи секоја категорија на корисници наложува различен пристап, но сите имаат придобивка од Црвениот крст.

Во досегашниот период од формирањето на Градскиот Црвен крст на врвната позиција, претседател на организацијата имало десет претседатели. Секој од нив оставил значаен белег и како популарно се вели “ставил цигла во ѕидот”. Секој од нив со нешто оставил трага и задолжил следните по него да продолжат делото по патот на хуманоста. Името на секој од нив ќе остане врежано и запамтено во историјатот на Црвениот крст на Скопје.

  • Даре Бомбол 1945-1963
  • Д-р Ѓорѓи Теодосиевски 1963-1970
  • Д-р Иван Тулевски 1970-1978
  • Д-р Спиро Јовевски 1978-1982
  • Д-р Методија Спирковски 1982-1984
  • Зоран Божинкочев 1984-1986
  • Зоран Николовски 1986-1990
  • Јованче Џарлиев 1990-1995
  • Зоран Николовски 1995-2000
  • Саит Саити 2000-2008
  • Д-р Горан Андонов 2008-2009
  • в.д. Насер Ајрулахи 2009-2012
  • Д-р Стефан Тодоров 2012-
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.