Да го одбележиме Светскиот ден на ракот „И ракот може да се спречи “
3-ти февруари, 2010 година, Скопје, сала Даре Џамбаз
Одржана отворена трибина по повод Светскиот Ден на Ракот
Центарот за здрав живот „САМОСВЕСТ“, со поддршка на Црвениот крст на град Скопје, одржа отворена трибина во Скопје со која го одбележи Светскиот ден на Ракот 2010.
На трибината беше промовиран новоиздадениот едукативен материјал на САМОСВЕСТ „Дознај повеќе за ракот на бубрегот“, изработен од д-р. Лилјана Ацева – Андонова, кој беше достапен за сите посетители, заедно со останатите информативни материјали за ракот.
Оваа светска кампањата има за цел да ја пренесе пораката до секој човек дека со едноставни превентивни мерки може потенцијално да се спречат приближно 40% од карциномите
Темата на Светскиот ден на ракот 2010 е превенцијата на малигните заболувања, со што започна овогодишната светска кампања на Меѓународната унија против ракот, која оди под слоганот „И ракот може да се спречи“.
Предавачите на отворената трибина ги запознаа граѓаните на Р. Македонија со едноставните, но ефикасни превентивни мерки против ракот. На трибината одржа предавање и проф. д-р. Владимир Георгиев, хирург – уролог од Универзитетската Клиника за урологија во Скопје.