Пребарувај по датум:

Собрание

Собранието на Црвен крст на град Скопје е највисоко раководно тело на Црвениот крст на град Скопје. Собранието брои 27 членови, кое го сочинуваат:

  • Избрани членови, предложени од Општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје
  • Избрани членови, предложени од младите на Црвениот крст на територија на град Скопје

Со седниците на Собранието на Црвен крст на град Скопје претседава претседателот на Црвен крст на град Скопје, а во негово отсуство потпретседателот. На седниците на Собранието можат да бидат присутни и други поканети лица, гости и набљудувачи без право на глас.

Мандатот на членовите во Собранието на Црвен крст на град Скопје е 4 (четири) години со можност за уште два последователни мандати.

Надлежности на Собранието на Црвен крст на град Скопје:

  1. Донесува Статут на Црвен крст на град Скопје и врши измена и дополнување по постапка како и за негово донесување;
  2. Донесува Деловник за работа на Собранието на Црвен крст на град Скопје
  3. Избира претседател и 1 (еден) потпретседател на Црвен крст на град Скопје со тајно гласање;
  4. Избира членови на Раководен одбор со тајно гласање;
  5. Избира претседател и членови на Финансиска комисија со тајно гласање.
  6. Ја потврдува Програмата за работа и Финансискиот план како пренесена надлежност за донесување од Раководниот одбор;
  7. Усвојува годишен извештај за работата и годишен финансиски извештај на предлог на Раководниот одбор;
  8. Донесува одлука за отповикување на член на Собранието и пред истекот на мандатот;
  9. Донесува општи акти, одлуки, заклучоци и други акти од интерес и значење за Црвениот крст на град Скопје.

Собранието на Црвениот крст на град Скопје одржува најмалку една редовна седница во текот на годината.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.