Раководен Одбор
Раководниот одбор е тело на Собранието кое раководи со Црвен крст на град Скопје помеѓу седниците на Собранието. Раководниот одбор е составен од избрани членови од редот на Собранието. Бројот на членовите на Раководниот одбор е 11. Претседателот на Црвен крст на град Скопје и потпретседателот по функција се членови на Раководниот одбор. Претседателот на Црвен крст на град Скопје претседава со седниците на Раководниот одбор. Мандатот на членовите на Раководниот одбор трае 4 (четири) години со можност за уште еден последователен мандат.
Раководниот одбор одржува најмалку четири седници во текот на годината, а по потреба и повеќе.
Членови на раководен одбор за мандатен период 2026-2029:
- Ребека Андреева
- Ајтен Ајдини Кадриу
- Ирфан Аземов
- Бране Стевковски
- Зоран Бабушку
- Жаклина Мучева
- Аница Оносимоска
- Дејан Здравевски
- Сузана Шабани
- Иван Трајков
- Ријад Гегиќ