Комисии
Раководниот одбор формира и именува претседател и членови на 2 (две) постојани комисии од редот на Собранието, членството и други стручни лица со мандат од 4 (четири) години со можност за повторен избор и тоа:
- Комисија за организација, развој и човечки ресурси;
- Комисија за статут и нормативни акти.
Комисијата за организација, развој и човечки ресурси ја сочинуваат претседател и 4 (четири) члена на комисијата. Комисијата за организација, развој и човечки ресурси го следи функционирањето и развојот на организационата структура на Црвениот крст на град Скопје, ги разгледува стратешките документи на Националното друштво, програмите и извештаите за работа на општинската организација и предлага кандидати за носители на раководни функции во Црвениот крст на град Скопје и друго.
Комисијата за статут и нормативни акти ја сочинуваат претседател и 4 (четири) члена на комисијата ја сочинуваат претседател и 4 (четири) члена на комисијата Комисијата за статут и нормативни акти разгледува предлози за измена на Статутот на Црвен крст на град Скопје и Статутот на Црвен крст на РМ, разгледува одлуки и други општи акти и дава мислење за усогласеноста на истите со Статутот на Црвен крст на РМ и позитивните законски прописи и други правни прашања.