Пребарувај по датум:

ПХВ 2021

ЦКА-ПХВ програма во 2021 година

Согласно моменталната ситуацијата во земјата, а со цел заштита на здравјето на волонтерите во организацијата, ЦКА-ПХВ програмата во 2021 година ќе претрпи одредени измени. Бидејќи нема да може да се случуваат обуки со физичко присуство, преку програмата ќе се зајакнуваат капацитетите на волонтерите на ниво на целата држава, согласно условите во кои сега дејствуваме.

Почнувајќи од 22 јануари 2021 година, секој четврток од 18.00 часот ќе се реализираат обуки за волонтери на ниво на целата држава, од сите ООЦК. ЦКА-ПХВ инструкторите на волонтерска база ќе ги држат обуките за сите заинтересирани младинци. Темите ќе бидат најразлични, преку предавања за тимска работа, вештини на презентирање, кариерни советувања, поддршка во заедница, вештачка интелегенција, вовед во психологија и филозофија и многу други нешта. Месечно ќе се случуваат 4 работилници, или за десет месеци ќе се реализираат 40 работилници на кои се очекува учество ќе земат околу 7.000 младинци.

Заедно можеме повеќе!

Распоред на работилници: преземи тука

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.