Пребарувај по датум:

Волонтери

Кој е волонтер во Црвениот крст?

Волонтер на Црвениот крст е лице раководено од својата слободна желба да обавува волонтерска дејност со која ќе придонесува за подобрување на животот на ранливото население.

Работата на волонтерот е без финансисиски и материјален надомест и се темели врз Основните принципи на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Вие можете да донесете промени.

Благодарение на хуманоста на луѓето, Црвениот крст помага за подобрување на животот на ранливото население (лица кои живеат во тешки,економски и социјални услови).

 

Ако Вие сакате да го дадете Вашиот придонес во донирање или волонтерско ангажирање, Ве молиме да контактирате со канцеларијата на Црвениот крст во Вашата општина.

Зошто е добро да се волонтира во Црвениот крст?

Бидејќи ќе бидете во можност :

  • Да бидете дел од Меѓународно хуманитарно движење и на универзална хуманитарна мисија;
  • Да ги реализирате Вашите природни аспирации за солидарност и хуманост;
  • Да придонесете за подобрување на ранливото население и нивна подобра иднина;
  • Да имате контакт со различни луѓе, да бидете дел на нови пријателства и размена на искуства;
  • Да ги зголемите Вашите капацитети, или да ги развиете Вашите комуникациски способности преку средби, курсеви семинари што Црвениот крст ги организира;
  • Да обезбедите подобра иднина за Вас, подобро место во општеството и лично усовршување преку искуството стекнато волонтирајќи во Црвениот крст.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.