Структура
Раководна и извршна структура:
- Собрание на Црвен крст на град Скопје е највисоко раководно тело на организацијата составено од 27 членови
- Раководен одбор на Црвен крст на град Скопје(11 члена) е извршен орган на собранието кој раководи со Црвениот крст помегу две седници на Собранието.
- Претседателот ја претставува организацијата на домашен и меѓународен план, ја следи работата на Црвениот крст и го информира собранието, ја координира работата на советодавните тела на Црвениот крст и сл. Потпретседателот му помага на претседателот во извршување на на утврдените задачи и врши други работи доверени од претседателот.
- Финансиска комисија ја сочинуваат претседателот и четири члена на комисијата избрани од Собранието на Црвен крст.
- Секретар на Црвен крст на град Скопје ја застапува организацијата пред надлежните органи, управува со стручната служба, ги спроведува одлуките и заклучоците донесени од Собранието и извршниот одбор
- Стручна служба