Пребарувај по датум:
2021-05-10

ИНФОРМИРАЈ СЕ! ТВОЕ ПРАВО, ТВОЈА СИГУРНОСТ! СЕКОГАШ БЛИСКУ ДО ВАС, ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Во рамките на Неделата на Црвениот крст која се одбележува од 08 до15 мај, Црвениот крст на град Скопје со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст организира Online Конференција на тема:
ИНФОРМИРАЈ СЕ! ТВОЕ ПРАВО, ТВОЈА СИГУРНОСТ! 11.05.2021(вторник) во 18:00ч на Google Meets, со
д-р.Кунгуловски, доктор на науки по геномика и молекуларна епигеномика.
Конференцијата има за цел да ги информира граѓаните за процесот на вакцинација против Covid-19 и овозможување пристап до информации од проверени извори.

Пријавување и поставување на прашања на следниот линк:
https://ckgs.org.mk/forma-za-prijavuvanje-na-prashanja-i…/

👉🏻 Конференцијата ќе може да ја следите на следниот линк:
https://meet.google.com/cgo-iktk-zov

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.