Пребарувај по датум:

Прифатно-транзитни центри

Мобилни тимови за хуманитарна асистенција во прифатно – транзитни центри

Со најавата за појава на можен бегалски бран од соседна Грција во мај 2015 година, Црвен крст на град Скопје започна со итна мобилизација на волонтери и професионалци како одговор и поддршка на РСМ и институциите на системот со цел полесно справување и намалување на ранливоста на бегалците и мигрантите од Блискиот Исток.

Со етаблирањето на двата прифатно транзитни центри за институционално згрижување и третман на лицата во движење, поточно во општините Гевгелија – Винојуг и селото Табановце во општина Куманово, Црвен крст на град Скопје воспостави систем за адекватен и брз одговор на потребите на ранливата категорија на лица со воспоставување и работа на Амбуланта за прва помош, транспорт до општите болници и Комплекс клиники во Скопје, мобилна кујна, магацини за дистрибуција на непрехранбени продукти, Служба барање како и служба за психосоцијална поддршка.

Активностите на Црвен крст на град Скопје беа поддржувани од многу организации и донатори како и најголемиот партнер Високиот комесаријат за бегалци УНХЦР,  со што активностите продолжија и по затворањето на познатата мигрантска рута во март 2016 година со отпочнување на работа на мобилен тим за згрижување на ирегуларна миграција по должина на северната граница.

Секако, тоа што го одбележа работењето на тимовите во двата транзитни центри е Службата барање, позната како РФЛ односно Служба за воспоставување на семејни врски, што на миграните им овозможи да стапат во контакт со изгубените членови од нивните семејства,  но и да им се овозможи нивно спојување во некои од државите на Западна Европа.

Со отпочнувањето на работата на ПТЦ Винојуг како и ТЦ Табановце, Црвениот крст во континуитет од 2015 година бележи бројка на повеќе од половина милион згрижени бегалци и мигранти, каде што и понатака работи и делува согласно мандатот и принципите на Националното друштво и Црвениот крст во РСМ.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.