Секретар
Секретарот на Црвен крст на град Скопје е именувано лице. Тој ја застапува организацијата пред надлежните органи; Управува со Црвен крст на град Скопје ; Ги спроведува одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Раководниот одбор на Црвен крст на град Скопје; Го подговува и менаџира одобрениот финансиски план – буџет и поднесува извештај за негова реализација; Одлучува за прием, престанок, именување и распоредување на вработените во Стручната служба на Црвениот крст на град Скопје; Ги организира активностите што се превземаат во случај на катастрофи на територијата на град Скопје; За својата работа остварува координација со Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ; За својата работа одговара пред Раководниот одбор на Црвениот крст на град Скопје и Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ.
Мандатот на секретарот трае 4 (четири) години со можност за повторen реизбор.
Секретари на Црвен крст на град Скопје низ годините:
- 1977-1979 Томе Ангеловски
- 1979-1986 Љубица Кочкова
- 1986-1988 Ангел Наковски
- 1988-2004 Стојче Атанасов
- 2004- денес Д-р Сузана Тунева Пауновска