2022-12-09
Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција
Под мотото “Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција ” Црвен крст на град Скопје ја одбележи неделата за борба ХИВ/СИДА. Во рамки на неделата се организираше едукативна работилница за волонтерите од Црвен крст на град Скопје за тоа како навремено да се заштитат од ова заболување.
Работилницата беше оддржана од страна на стручниот професор по практична настава Елена Димитриевска од СМУГС Д-р Панчев Караѓозов за што сме и многу благодарни.