Пребарувај по датум:
2008-11-15

“Животот е убав под 6”

Во текот на 13 и 14 ноември се вршеше бесплатен преглед на мерење на шеќер во крвта на десет локации на територија на град Скопје, во секоја Општинска организација по две локации.

Мерењето се спроведуваше од страна на лекари  волонтери во нашата организација.

Акцијата се реализира во соработка со ХПСИ (Хоспитал Пхарма Сервицес интернатионал) под мотото “Живото е убав под 6”.

На 13 ноември акцијата се реализираше во:
-АД Макпетрол
-Дом за стари лица “Лика Чопова”
-ООЦК Гази баба
-ОУ “Владо Тасевски”
-СУГС “Васил Антевски Дрен”

На 14 ноември акцијатасе реализираше во:
-АД Трговски Центар
-ЦК Шуто Оризари
– Пензионерски дом во Автокоманда
– УЗ “Даме Груев”
-Зелениково

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.