Пребарувај по датум:
2017-09-27

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ДУРДМОВ ,,ДИМИТАР ВЛАХОВ“

ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИЈА ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ДУРДМОВ ,,ДИМИТАР ВЛАХОВ“

Во рамките на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот, а како дел од ЦКА-ПХВ активностите на Центарот за поддршка на Црвен крст на град Скопје се поставија информативни табли во ДРУДМОВ ,,Димитар Влахов“. Информативните табли се дел од проектот за уанпредување на безбедноста на учениците кои се сместени во интернатот, а во врска со шетање на кучиња во училишниот двор. Првата фаза од активностите опфати средби со граѓани кои ги шетаат своите кучиња во дворот и нивно информирање за потребата од забра за шетање, а втората изработка на табли и нивно поставување.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.