Пребарувај по датум:
2023-03-09

Жени во црвено

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Црвен крст на град Скопје организираше настан “Жени во црвено”. Целта на истиот беше споделување на инспиративни приказни на жени кои со гордост ја носат црвената униформа, приказни поврзани со нивното волонтирање и професионалниот ангажман во различните сфери на дејствување на Црвениот крст.

Модератот на настанот беше проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, а приказните ги споделија градоначалничката на Град Скопје г-ѓа Данела Арсовска, секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т.Пауновска, актерката Снежана Конеска Руси, ПХВ инструкторката Арџина Нагавци, инструкторката за безбедност на вода Елеонора Ѓорѓиевска, Мирјам Омар ангажирана во поддршка на мигрантите и бегалците и психологот Ивана Маринчек.

Секоја од нив, на свој посебен и уникатен начин го доближи Црвениот крст и влијанието врз нивниот живот, промените, растењето, трасирањето на позитивниот пат и придобивките кои секоја од нив ги стекнала преку чинот на волонтирање.

Присутните на настанот ги поздрави г. Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на РСМ кој го истакна придонесот на сите жени во рамки на Движењето на Црвениот крст, како и во нашето Национално друштво.

Црвениот крст на град Скопје продолжува да ја промовира и истакнува еднаквост на сите членови во нашата црвенокрсташка заедница.

Благодарност до х. Лимак-Скопје, за поддршката во реализација на настанот.

Благодарност за Ана Петановска и за нејзиниот впечатлив настап.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.