Пребарувај по датум:
2020-07-27

„Здравствена заштита за спасување живот на луѓето кои се во движење на Балканот“.

„Здравствена заштита за спасување живот на луѓето кои се во движење на Балканот“.

На 24 јули, како дел од активностите за одбележување на 26 јули реализирана беше активност – поставување на изложба на фотографии од наградуваниот авторот Виктор Лакен, кој за Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина ги изработи делата со наслов „Здравствена заштита за спасување живот на луѓето кои се во движење на Балканот“. Фотографиите ги рефлектираат предизвиците со кои се соочуваат бегалците и мигрантите кои треба да пристапат до здравствена заштита на нивните долги и тешки патувања. Авторот открил дека многу мигранти имаат повреди од самото патување, било од судири со властите, несреќи со возила или други несреќи. Голем дел од нив имале здравствени состојби кои не можеле да се лекуваат.  Мигрантите исто така се соочиле со психолошки стрес, недостаток на пристап до здравствени услуги, чиста вода за пиење и санитарни објекти и страдале од лоша исхрана. Како последица на тоа, тие станале многу ранливи на инфекции и болести. Националните друштва на Црвениот крст во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина им помагаат на луѓето во движење, пружајќи медицинска нега во центрите за транзит, привремените кампови, па дури и покрај патот. Тие исто така се залагаат за мигрантите и бегалците да имаат подобар пристап до националните здравствени системи. Без нив, многу повеќе луѓе би претрпеле сериозни повреди, па дури и смрт. Фотографиите од РСМ, предизвикаа силни реакции кај посетителите на изложбата во седиштето на Меѓународната федерација на ЦК и ЦП во Женева, и истите го покажуваат вистинскиот хуманитарен одговор на тимовите на Црвен крст во делот здравствена заштита и медицинска помош.

Изложените дела беа поставени на ул. Македонија, а волонтерите на Црвен крст стоеа  покрај фотографиите, и на сите минувачи, со почитување на сите протоколи за заштита и самозаштита, им ја објаснуваа приказната за секоја од нив. На изложбата на отворен простор, освен волонтерите од клуб на млади, беа и дел од членовите на мобилните тимови кои работат со бегалците и мигрантите од започнување на бегалската криза па се до денес. Тие ги споделија и нивните лични искуства, вистинити приказни кои ги посведочиле како и бројната хуманитарна помош која често пати значела и спасен живот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.