2018-04-29
Запознавање со организација
Минатата недела, се одржа дисеминациска обука за лицата кои во наредните неколку месеци ќе поминат обука за негуватели/-ки на стари и немоќни лица. Целта беше едукација за историјатот и потеклото на организацијата, употреба и злоупотреба на амблемот, објаснување на принципите, Женевските конвенции, организациона поставеност и аспектите на работењето на Црвениот крст во целата држава. Обуката претставуваше дисеминациски пакети за секој нов вработен, волонтер или пак практикант во организацијата.
Вториот циклус претставува почеток на уште едно обука за нега на стари и немоќни лица од која очекуваме позитивни искуства, нови пријателства и квалитетна едукација.