Запознајте ја…
Сања Матовска има 20 години, студент е на Правен факултет, а веќе 5 години е активен волонтер во Црвен крст на град Скопје. Сања вели, дека во Црвениот крст ги стекнала вистинските вредности, научила корисни нешта и се стекнала со вештини со кои денеска е подобар човек. Таа е среќна кога му помага некому. Многу и се важни активностите кои ги реализираат со Клубот на млади, а се наменети за децата со посебни потреби. Таа сака да минува време со овие деца, ги сака нивните насмевки. Заради својата посветеност таа беше избрана и за лидер на Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје. Сања, оваа година имаше можност да не претставува и на младинската конференција во Солферино, Италија во лулката на Движењето на Црвениот крст и Црвена полумесечина од каде носи прекрасно искуство и незаборавни моменти. Повеќе од 130 земји имаа свои младински претставници и со своето знаење таа придонесе за градење на поликтики за младинско работење во рамките на нашето Движење.
Таа порачува дека секој треба да волонтира бидејќи на тој начин се отвараат нови видици, добиваат многу шанси, прекрасни пријателства и искуства за цел живот.
Сања има поддршка од своето семејство за својот волонтерски ангажман, а заради својот позитивен пример таа поттикнала свои другари да се вклучат во Црвениот крст.
И ние во Црвениот крст на град Скопје се гордееме со Сања и со секој еден волонтер. Заедно сме посилни.