Запознајте го…
Sinisa Zukik кој во изминатите неколку месеци е дел од Мобилните тимови на Црвениот крст. Секојдневно е вклучен во набавка и носење на лекарства за старите лица во нивните домови, купување на храна за лица во изолација и самоизолација заради ковид-19, пакување на пакети обезбедени од донатори, дистрибуција на истите за лицата во социјален ризик и многу други нешта.
Синиша е волонтер во Клубот на млади на Црвен крст на град Скопје и вели дека во периодот најмногу му недостигаат музичките работилници кои ги реализираа за и со штитениците од Дневниот центар за деца со церебрална парализа. Тој студира музика и кога и да го сретнете, тој е распеан, насмеан и ведар.
Има 21 година, а веќе 6 години искуство во Црвениот крст.
За него, да се биде дел од нашата организација значи да се биде волонтер секаде и секогаш кога има потреба од помош.
Горди сме што тој е дел од нашата организација.