Пребарувај по датум:
2017-02-07

Започнува нов ПХВ циклус 2017 година

Започнува нов ПХВ циклус 2017 година

Обука за ПХВ инструктори

Со започнување на новата година започнува и новиот ПХВ циклус, во кој и ова година ќе бидат реализирани 150 обуки и ќе бидат обучени 1200 младинци на територија на целата држава. Во сабота, на 21 јануари во Скопје се оддржа еднодневна подготвителна работилница за националниот ПХВ тимот кој ќе реализира дел од обуки на терен. ПХВ тимот од ова година е во проширен состав во кој влегуваат и новите членови кои се примени ова година а се од Охрид, Кочани, Гостивар, Битола и Прилеп. Вкупната бројка на овој тим-ПХВ колегиум е 32 лица. Тимот е подготвен, со унифицирани знаења, со подготвени материјали, со закажани термини на спроведување на обуките за изработка на малите проекти и мотивиран за да дејствува на терен. Тие исто така во своите средини ќе даваат поддршка на ООЦК и на самиот дисеминатор за полесна реализација на малите проекти и на ПХВ неделата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.