Пребарувај по датум:
2017-12-11

Запишани желбите на „Волшебната елка на желби“

Запишани желбите на „Волшебната елка на желби“

Водени од идејата дека секој човек, а посебно дете треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници, Црвен крст на град Скопје во соработка со Меѓуопштински центар за социјална работа- Скопје, Рамстор мол, а поддржани од Комерцијална банка а.д. Скопје, секоја година организираат „Волшебна елка на желби“ за децата сместени во згрижувачки семејства.

На 1 Декември, 80 деца сместени во згрижувачки семејства соподдршка на волонтерите од Клуб на млади на ЦК на град Скопје, ги запишаа своите новогодишни желби на наменски изработени картички во форма на лампион. Во наредниот период, желбите ќе бидат закачени на големата елка поставена во Рамстор мол.

Ги поттикнуваме сите наши хуманите граѓани, фирми, компании да изберат лампион, да исполнат некоја од скромините, но искрени детски желби и да придонесат за нивната среќа во пресрет на новогодишните празници.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.