Пребарувај по датум:
2024-06-06

Заедничко дружење со корисници од Дневен центар за стари лица Охрид

Се организираше заедничко дружење и споделувања на искуства и активности на корисниците од социјалната услуга ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’ и корисниците од дневниот центар за стари лица од Охрид.

Корисниците имаа можност заеднички да го посетат Музејот на македонската борба за самостојност, преку заедничко кафе разменија многу искуства и можности, стекнаа нови пријателства и споделија идеи во организацијата.

Ваквите активности се од големо значење за лицата во трето доба во насока за меѓугерациска интеракција, промоција на активно и здраво стареење како и вклученост на лицата во трето доба во едукативно-програмските активности и социјализација.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.