Заедничко чествување
100 пакети со храна за најзагрозени семејства од муслиманска вероисповест, беа донирани по повод верскиот празник Бајрам како и денот на хуманитарните работници.
Црвениот крст на град Скопје оваа активност ја реализира со поддршка на Кам маркети, компанија која се повеќе е ориентирана кон поддршка на заедницата.
Црвениот крст на град Скопје воден од своите 7-те принципи на дејствување, а меѓу кои непристрасност не ги дели луѓето по верска, расна или национална припадност туку помага секаде каде помошта е потребна и истото го промовира на своите поддржувачи, соработници и партнери.
Дистибуцијата беше организирана во Хуманитарниот дом Даре Џамбаз во петок, 17 август во 11.30 часот.
Лицата се избрани преку 5-те општински организации на Црвен крст на територија на целиот град и се постојани корисници на нашата помош.
Црвен крст организираше слична активност во месец април 2012 година, а по повод верскиот празник Велигден, кога компанијата Еко шар донираше храна за православни социјално-загрозени семејства.
На настанот присуствува и Министерот за труд и социјална политика г. Спиро Ристовски, Министерот за економија г. Ваљон Сараќини и претставникот на Кам маркети.