Пребарувај по датум:
2019-07-24

Заеднички Одговор 2019

На ден 19.07.2019(петок) година одржана е интерактивно оперативна вежба за заштита и спасување “ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР 2019” во регионот на с. Миладиновци ,с. Петровец ,с. Бунарџик -индустриска зона- . Вежбата беше под организација и мониторинг на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување ,а учество во неа земаа сите институции кои се дел од системот за одговор при катасториф во СРМ, меѓу кои и Црвениот крст на Град Скопје.

Според сценариото испланирана беше инцидентна состојба со цел да се направи тест на севкупниот систем за заштита и спасување и кризен менаџмент. Спроведувањето на вежбата како заеднички одговор покажа дека реакцијата на специјализираните и универзалните единици е координирана и подготвена да одговори на слични ситуации.Интерактивната вежба беше проследена од највисоко државно ниво, во кругот на ОКТА, каде што беа присутни Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски и Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски,претставници од дипломатскиот кор како и стручната и експертска јавност. Сите учесници дадоа максимален придонес во организацијата на вежбата и учествуваа со постоечките и соодветни ресурси со кои располагаат ,за да вежбата добие вистинска целина, за што како Дирекција за заштита и спасување сме посебно благодарни.

Црвениот крст на вежбата беше задолжен за згрижување на повредени од симулирана екпслозија и транспорт на истите до тријажен центар со амбулантно возило. Црвен крст зема учество со 16 лица, волонетри и стручна служба, амбулантно возило и тријажен шатор.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.