Пребарувај по датум:
2022-02-15

Заедничка соработка

Со потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија- Црвен крст на град Скопје и Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје-Стоматолошки факултет, двете институции ќе ја зајакнат соработката во областа грижа за ранливи категории корисници, со акцент на лекување и превенирање на оралните заболувања кај нив. Истото ќе биде реализирано преку овозможување на бесплатни прегледи/интервенции за ранливи категории корисници, од страна на студентите на факултетот, за време на практичната настава, а под наздор на наставниот кадар. Во оваа фаза, од базата на корисиници на Црвен крст на град Скопје, селектрирани ќе бидат лица кои ќе ги користат споменатите услуги.

Со континуирана поддршка на ранливите корисници во текот на целата година, ќе се придонесе за навремена превенција од стоматолошки заболувања, подигнување на јавната свест во насока на грижа за оралното здравје и навремено идентификување и намалување на ранливоста на истите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.