Заедничка работилница на корисниците на Центарот….
Заедничка работилница на корисниците на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје, УСАИД и Универзитет на Југоисточна Европа
На 13.06.2017 Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје, го посети г-динот Мајкл Капобианко офицер за договори на УСАИД. При посетата на г-дин Мајкл му беа презентирани целите, активностите и резултатите од шестмесечната имплементација на проектот. Воедно, беше реализирана и наменска работилница за 20 учеснициа учество земаа стручни соработници од Центарот за поддршка на лица со оштетен вид, соработниците од Универзитетот на Југоисточна Европа, корисниците на Центарот, родителите на слепите и слабовидни лица и волонтерите при Центарот. Целите на работилницата беа да се прикажат потребите на лицата со оштетен вид и да се укаже поддршката која ја пружа Центарот, да се акцентираат и промовираат идните активности и да се презентираат позитивните примери во нашата заедница, при што ќе се мотивираат лицата со оштетен вид да ги оставарат своите цели и соништа.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје се реализира во рамките на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот.