Задолжителна заштита
Следејќи ги владините препораки за заштита на здравствените лица, Црвен крст на град Скопје од минатата недела за своите ангажирани волонтери на проектот за хуманитарна асистенција на бегалци, лица во движење и ирегуларни мигранти испорача професионална заштитна опрема што се состои од заштитни одела, визири, заштитни маски од моделот N95, но и маски за лицата во ризик со цел постигнување на минимум изложеност и контаминација од корона вирусот.
Мобилните тимови освен задолжителната опрема, редовно дистрибуираат гелови за дезинфекција, како и задолжително дезинфицирање на лицата во ризик, службените простории и лицата ангажирани на проекот за хуманитарна асистенција на северната граница на Република Северна Македонија.
Активностите се реализираат во партнерство со UNHCR-Skopje.