Пребарувај по датум:
2023-12-19

Забавно попладне

Оддел млади при Црвен крст на град Скопје организираше посета во Cineplexx Skopje за корисниците од дневниот центар за лица со попреченост ,,Пролет”.

Во пријатна и опуштена атмосфера имаа можност да го гледаат филмот Wonka , да уживаат во заедничкото дружење но и да имаат едно поинакво забавно попладне.

Благодарност до кино Cineplexx кои ни овозможија да имаме исполнет ден но и за поддршката која ја даваат на оваа целна група секогаш кога тоа е потребно, а е во насока на нивна социјализација.

Активноста е една од многуте кои Црвен крст на град Скопје ги имплементира во рамки на проектот поддржан од Комерцијална банка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.