„За Скопје со љубов“- Традиционална крводарителска акција
Во пресрет на 26 јули- Ден на солидарност, реализирана беше традиционалната крводарителската акција. Истата се реализираше на 24 јули во ДХО „Даре Џамбаз“. Покрај Црвен крст на град Скопје, во организација на крводарителската акција се вклучи Општинската организација на Црвен крст Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. На акцијата, од 106 потенцијални дарители, крв даруваа 88 хумани граѓани. Во текот на целата крводарителска акција, запазени беа мерките за заштита и самозаштита од Ковид 19 на сите дарители , волонтери како и персоналот на ИТМ. Оваа крводарителска акција е веќе препознатливо обележје во нашиот град, истата е посетена од голем број граѓани и медиуми преку кои ја сензитизивираме пошироката јавност за потребата од континуирано дарување крв, градење на солидарност и хуманост.