Пребарувај по датум:
2017-08-10

За Скопје со љубов. Дарувај крв – Биди хуман

Традиционална Крводарителска акција „За Скопје со љубов. Дарувај крв – Биди хуман“

Црвен крст на град Скопје во соработка со Институтот за Трансфузиона Медицина, традиционално, на 26 Јули во просториите на ДХО Даре Џамбаз, организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарност и хуманоста на нашите сограѓани. На акцијата крв даруваа187 дарители. Оваа година, акцијата беше одбележана во знакот на хуманоста и за стручната служба на Црвениот крст, која се приклучи со дарување на крв и со тоа придонесе во процесот на промоција и унапредување на крводарителството. Поддршка кон акцијата даде и компанијата Македонија лек, која за дарителите донираше подароци од нивниот асортиман.

Крводарителската акција се реализираше во просториите на Дневниот центар за дарување на крв на Црвен крст – место каде крводарителите може да даруваат крв, да се дружат, разменуваат искуства, како и место за подобар пристап до информации за крводарителството. Бројката на лица кои доброволно дарувале во просториите на Центарот за дарување на крв во период од 01.01.2017 до 30.06.2017 год. (во кои не спаѓаат организираните акции на Општинските Организации на Црвениот Крст)   е 1037 евидентирани крводарувања што во просек претставува од 150 до 200 дарители на месечно ниво .

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.