За Скопје со љубов
Под мотото „За Скопје со љубов“ го одбележавме јубилејот- 60 години од земјотресот кој го погоди Скопје. Настанот беше организиран на 26 Јули на Плоштад Филип II-Камени мост.
За време на настанот, се одвиваа неколку активности како цртање на мурал од познатите уметници Драган Драш Китановски и Блаже Атанасков , интерактивна обука за справување со катастрофиспроведена од страна на водителот Марко Новески, иницијатива за пишување на писма ителеграми, изложба на капацитетите на нашето Нaционално друштво и дружење со вработените иволонтерите на Црвениот крст.
Повеќе од 200 волонтери и професионалци од различни оддели на Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Кисела Вода, Црвен крст Центар, Црвен крст Чаир, Црвен крст Карпош и Црвен крст Гази Баба како и наши корисници беа дел од настанот, на кој заедно, преку дружење и социјализација се присетија на трагедијата, но зборуваа и за хуманоста и солидарноста.
На истиот ден (26 јули) во соработка со ИТМ и со поддршка на Црвен крст Кисела Вода традиционално беше организирана крводарителска акција во ДХО “Даре Џамбаз”- Центар задарување крв на која 78 дарители даруваа крв.
Посебна благодарноста за поддршка во организација на настанот до Вардар Филм.
За Скопје со љубов
#Скопје #солидарно #хумано #љубовно
#1963 #26.07 #2023