За посреќно детство
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје (ООЦК Кисела Вода, ООЦК Карпош, ООЦК Центар, ООЦК Гази баба) традиционално ја организираат активноста За посреќно детство.
Целта на истата е преку продажба на вредносни бонови да се соберат парични средства наменети за помош и поддршка на одредена целна група деца.
Активностите се во насока на промоција на хуманоста и овозможување на одредени потреби на ранливи категории деца.
Оваа година целна група ни беа децата кои го посетуваат дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, и за дел од нив овозможивме летување во х. Солферино во Струга.
За реализација на планираната цел оваа година поддршка добивме од ЈСП Скопје кои ја стопанисуваат жичарницата на Водно. ЈСП, како поддршка на активноста донираше дел од средствата од продадените билети и на овој начин директно ќе се вклучи како помагател во остварување на нашата заедничка цел.
Носители на активноста беа волонтерите на ЦК кои ги продаваа вредносните бонови на посетителите на жичарнивата во текот на еден викенд.
Во кампањата се вклучија и нашите традиционални партнери и поддржувачи на активности -месарниците ПРОМЕС, во кои беа поставени касички за донација.
Со свој личен придонес се вклучи и Американскиот амбасадор во РМ г. Филип Рикер кој по повод свеченоста за одбележување на 04 Јули, донираше финансиски средства.
И со ова активност, во името на хуманоста, ја продолжуваме нашата иницијатива за помош и поддршка на ранливите категории секогаш кога е потребно.