Пребарувај по датум:
2015-06-21

Втора ПХВ финална работилница, циклус 2015 година

Од 19 до 21 јуни во Струга се одржуа втората финална ЦКА-ПХВ работилница. По добиената обука и двомесечното истражување на терен за целните групи и нивните потреби, младинците чии проекти беа оценети како најдобри, имаа можност да бидат дел од оваа приказна.

78 учесници меѓу кои младинците, дисеминатори и гости имаа можност да се запознаат меѓу себе на многу интересен начин, со туѓите култури, но и со со најдобрите проекти кои беа сработени на ниво на држава.  Во рамките на ТВ шоуто младите организираа трибина и имаа линковски поврзувања, се подготвуваше драмата Погодете кој доаѓа на вечера и се организираше вежба “Човече на лути се” преку која се направи повторување на се она што беше научено во изминативе 6 месеци, со акцент на дисеминација. На финалната работилница беа дадени и насоки за ПХВ недела која се одбележува од 21-27 септември. Младите се мотивирани и подготвени да продолжат со своите волонтерски активности во клубовите на млади во своите Општински организации.

Оваа година, во рамките на циклусот, изработени се 192 мали проекти од страна на 1280 младинци, а 150 учесници беа присутни на двете финални работилници. Оваа година програмата е поддржана од страна на Норвешката амбасада од Србија.

Изјава од учесник:

За мене ПХВ претставува програма преку која младите учат за хуманоста и ја покажуваат својата хуманост на дело. Сметам дека на тој начин ја менуваат својата дневна рутина и се стекнуваат со големо искуство. Младинците се мотивирани да продолжат и во иднина да прават добри дела и да прават промени во општеството.

Александра Божинова

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.