Втора ЦКА-ПХВ Финална работилница
Во текот на викендот од 31 мај до 02 јуни, се случи втората по ред Финална работилница во рамките на тековниот ПХВ циклус.
И овој пат 46 младинци, заедно со 13 нивни дисеминатори зедоа активно учество и дадоа свој допринос во реализирањето на активностите на оваа работилница. И овој пат младинците беа избрани според нивните заслуги, активност и посветеност во текот на реализацијата на нивните мали проекти за добробит на заедницата.
За изборот беа клучни часовите посветени за изработка на проектот, оргиналноста на идејата за проектот, лоцирање на целната група како и истрaжување на потребите на истата.
Од оваа година, за прв пат беа доделувани и екстра поени за оние проекти во кои работеа тимови од мешани етникуми и/или доколку самата целна група беше од друг етникум од групата која го изработуваше проектот.
Во текот на финалната работилница до израз дојде креативноста и младешкиот дух на учесниците: се презентираа проектите, се снимаше филм за нивното учество во проектот, се подготви и ПХВ шоу за кое младите се најдоа во улога на водители, стенд ап комичари, глумци, рецитатори, танчери, музичари, режисери, сценографи, новинари, презентери…. работејки сите заедно, во прекрасна креативна атмосвера, тие подготвуваа позитивни реклами за Црвен крст, ја промовираа културата како систем од вредности подготувајки ја драмата Погодете кој доаѓа на вечера, подготвуваа и презентираа кратко резиме на голем број свои проекти, направија евалуација на целиот изминат циклус и сите реализирани акривности преку невербална драма, подготвиа репрезентативен леток и снимија филм о кој ја доловија атмосверата и енергијата која владееше на работилницата.
Беа посветени, креативни и инспиративни, се со цел да се препознаат и промовираат различностите, не како нешто што не разделува, туку како нешто што не богатува.
Годинава програмата е поддржана од ЦИР-а, преку грант на CIVICA мобилитас и Швајцарска агенција за развој со канцеларија во Македонија.
Изјава од учесник:
ЦКА-ПХВ за мене претставува алатка преку која се надоградуваме као зрели личности кои прават позитивни промени за добробит на заедниците во кои што живеат- Адила Рамикевиќ, Чир