Пребарувај по датум:
2012-05-28

Втора ЦКА-ПХВ финална работилница

52 младинци, 6 дисеминатори, еден гостин од Шри Ланка, двајца претсавиници на Нашето национално друштво беа дел од втората ЦКА-ПХВ финална работилница.

Истата се оддржуваше во Струга од 25 до 27 мај. Работилницата е реализирана со финансика поддршка на Норвшката амбасада.
Учесници на ова работилница беа претставници на проектите кои ова година се рализираа преку ЦКА-ПХВ програмата од сите општински организациии, а кои беа оценети со фазите 5 и 4. На двете работилници вклупно присуствуваа 110 младинци кои изработуваа мали проекти за доборбит на својата заедница.
Младинците на работилницата добија продлабочено знаење за целиот ПХВ циклус, за културата како систем од вредности, за тимот и тимската работа, за вредностите на Црвениот крст и мотивираност за нивната понатамошна работа во клубовите на млади.
Како резултат на нивната посветенот и работа, се изработи краткиот ПХВ филм кој беше прикажан во рамките на ПХВ шоуто, комплетно подготвен од нивна страна.
Двајца младинци, кои ја имаа улогата на водители најавуваа реклами за Црвен крст изведувани од групата одговорна за реклами, актерите ја изведоа претставата Погодете кој доаѓа на вечера, неколку младинци ги раскажуваа проектите изработени од младинците со цел доближување на хуманитарниот чин до секој поединец.
Секој имаше своја улога и своја одговорност.Сега пред сите нас е нов заеднички предизвик, изработување на претстава на локално ниво која ќе биде промовирана во текот на една иста недела во сите Општински организации во текот на месецот септември.
Ќе се направи и глобално поврзување преку промовирањето на истиот тетар во Шри Ланка, каде се имплементира ПХВ програма под нашето менторство.
Младите се на потег-Да им дадеме поддршка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.