2020-10-06
Време за училиште
Дојде време Р. да тргне во училиште. И ние се радувавме со него и со неговите родители. Тие се дел од приказните кои Црвениот крст ги испиша во изминатите години. Неговите родители биле на возраст како него кога дошле како бегалци од Косово. Поддршката ја имаа и од Црвениот крст и од партнерите со кои соработувавме, а денеска веќе и од институциите. Р. е подготвен за училиште со ново ранче, прибор и сѐ друго што му е потребно. Доби и компијутер, донација од наша сограѓанка со кој ќе може да учи, да истражува и да си игра. Му посакуваме среќа и многу знаење за да му бидат отворени сите врати во животот.