Пребарувај по датум:
2023-05-02

Воведуваме бесплатен посебен превоз за граѓаните од општината Ѓорче Петров

Денес се потпиша договорот за воведување на услугата посебен превоз со Александар Стојкоски, Градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Со тоа  сите болни, немоќни, лица со попреченост или социјално загрозени лица ќе може бесплатно да бидат транспортирани до здравствените установи, доколку имаат претходно закажан термин за преглед.

Лицето кое има потреба од превоз може да се јави на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот.

Лицето кое треба да е жител на општина Ѓорче Петров има право на бесплатен превоз финансиран од страна на општината во еден правец максимум 4 пати во текот на 1 година.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.